ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2024

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Макфакс/Кајгана
/ 26.04.2024 / 15:49

Наполи минатата сезона ја освои Серија А. Тоа беше трета титула во клупската историја и прва од 1990 година. Сезоната по освојувањето на титулата е вистински кошмар за „Партенопеите“. Во финишот на сезоната, Наполи се наоѓа на 8. место со 49 бодови, дури 37 помалку од новиот шампион Интер.

Sport Italia пишува дека Наполи оваа сезона доживеа „огромно разочарување“ поради што во летниот преоден рок ќе „има ревилуционерни промени“. Претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис, изјави дека ниту еден играч не е недопирлив, што значи дека сите би можеле да бидат продадени.

„Постои сериозна опасност од револуција која може да ги вклучи дури и клучните играчи кои го освоија Скудетото, како Џовани Ди Лоренцо (30) и Андре-Франк Замбо Ангиса (28)“, пишува Sport Italia.

Ди Лоренцо е репрезентативец на Италија и капитен на Наполи, со кого има договор до летото 2028 година. Transfermarkt неговата вредност ја проценува на 18 милиони евра. Во Наполи е од 2019 година, а претходно во кариерата играше за Реџина, Кунео, Матера и Емполи.

Ангиса е камерунски централен играч за врска чиј договор е до 2025 година, но постои опција да се продолжи за уште две сезони. Во кариерата играше во Марсеј, Фулам и Виљареал. Според Transfermarkt тој е проценет на 30 милиони евра.

Sport Italia, тврди дека главната ѕвезда на Наполи, Виктор Осимхен (25) се поврзува со клубови како ПСЖ и Баерн, а Де Лаурентис неколку пати изјави дека за него ќе бара повеќе од 100 милиони евра. Тој има договор до летото 2026 година, а Transfermarkt го проценува на 110 милиони евра.

Познато е веќе дека Пјотр Желињски како слободен играч ќе се пресели во Интер.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе