Кралската фудбалска федерација на Шпанија не го прифати барањето на Реал Мадрид 36. шампионска титула да им биде врачена по натпреварот со Алавес на 14 мај.
Реал во саботата математички ја обезбеди шампионската титула во Ла Лига. Планот на РФЕФ беше трофејот на кралскиот клуб да му биде врачен во сабота во Гранада.
Овој предлог Реал го одби од почит кон противникот. Одбија да слават на теренот на тимот кој испаѓа од лигата.
Поради тоа, Флорентино Перес побара титулата на играчите да им биде врачена на 14 мај кога на „Сантјаго Бернабеу“ ќе гостува Алавес. Овој предлог РФЕФ го одби и најави дека трофејот ќе биде врачен на 12 мај наутро во тренинг-центарот на Реал во Валдебебас, зад затворени врати.
РФЕФ го информираше Реал Мадрид да ги извести играчите дека треба да бидат во Валдебебас во недела наутро, бидејќи планот е церемонијата да се одржи во 9:30 часот, а на доделувањето на трофејот нема да присуствуваат навивачите.
Трофејот ќе го врачи претседателот на Кралската фудбалска федерација на Шпанија, Педро Роча.