Англичанецот Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата го освои Светското првенство и стигна до најголемиот трофеј во својата снукер кариера.
Најдобрите светски играчи Рони О'Саливен, Џад Трамп, Марк Ален и Џон Хигинс доживеаја вистински дебакл и не стигнаа ниту до полуфиналето, што го искористи 32-годишниот Вилсон и стана светски шампион.
Вилсон немаше проблеми на ниту еден од петте меча на Светското првенство што се одржа во Шефилд и рутински ја освои титулата.
Со ред паднаа Доминик Дејл (10:1), Џо О'Конор (13:6), Џон Хигинс (13:8), Дејвид Гилберт (17:11), Џек Џонс (18:14).
Тој беше особено импресивен во финалето против Џонс бидејќи водеше со 7:0 и веќе тогаш беше јасно дека ќе стигне до трофејот. Велшанецот во неколку наврати заостануваше три фрејма (11:8, 13:10, 17:14), но во ниту еден момент победата на Вилсон не беше доведена во прашање.