Најдобар дебитант во НБА е Виктор Вембанјама, тоа беше едногласна и сосема очекувана одлука при гласањето.
Вембанјама го доби трофејот „Вилт Чејмбрлејн“, со што стана првиот француски кошаркар со оваа награда.
Популарниот Вемби ги предводеше сите дебитанти во просечни поени (21,4) и скокови (10,6), а со 3,6 блокади по натпревар беше најдобар од сите играчи во НБА.
Сјајниот центар на Сан Антонио Спарс е првиот кошаркар по Карл-Ентони Таунс во сезоната 2015/2016 кој е едногласно избран за дебитант на годината.
Сите 99 новинари кои гласаа во овој избор го дадоа својот глас за дебитант на годината на 224 сантиметри високиот 20-годишен Вембанјама.
Второто место му припадна на Чет Холмгрен од Оклахома Сити Тандер, кој доби 98 гласови за второто место, а трет беше Брендом Милер од Шарлот Хорнетс со 83 гласови.