Легендата на НБА, Чарлс Баркли не верува дека Денвер ќе успее да направи пресврт во серијата против Минесота.
Нагетс и во вториот меч ги разочараа своите навивачи, загубија со 106:80 и така Минесота има 2-0 пред два меча на домашен терен.
Имаат шанса да го „збришат“ шампионот, а слично сценарио предвиде и Баркли во емисијата Inside the NBA за третиот натпревар кој ќе се одигра в недела.
„Моментумот е многу важен во плејоф серијата. Заради тоа, Денвер не игра шампионска кошарка во моментов, не ја играше ниту во претходното коло. Против Лејкерс можеа да играат под кочница, што против најдобрата одбрана во регуларниот дел и плеј-офот не е можно. Ќе биде тешко. Минесота игра добро дома. Тие ги надиграа, а очекувам истото да го видиме и во третиот натпревар“, рече Баркли.
Едвардс повторно доминираше во победничкиот тим, според Баркли тој е клучниот играч на серијата и веќе целосно го отпишал Денвер.
„Ова е готово. Минесота е подобра од Нагетс. Денвер нема предност никаде на теренот. МВП е надигран. Пред почетокот на сезоната не верував во Минесота, ме натераа да се предомислам. Ќе победат во оваа серија. Сериозни се. Тие го имаат тој посебен човек. Од булдог прераснува во волк. Момците го следат и тој ги води. Јокиќ не е ‘оној’ во оваа серија. Минесота е сериозна и тие ќе ги збришат Нагетс“, предвиде Баркли.