Не сте задоволни од ситуацијата на работа? Можеби сексот ќе ви помогне.
Не, не мислиме на такво напредување на работа со секс.
Неодамна еден шведски градски советник предложи да им се даде на 550 вработени во администрација еден платен час пауза од работа за да имаат секс.
Едно најново истражување покажа дека бил на вистинскиот пат со таквото размислување.
Наместо останување на работа прекувремено и умилкување на шефот, решението е доброто расположение и еланот што го имате после секс.
Според истражувањето, луѓето кои доживуваат оргазам при секс, најмалку еднаш дневно, многу повеќе уживаат во работата, повредно работат и напредуваат во работата.
Исто така имаат поздрав баланс меѓу работата и приватниот живот.
Водачот на истражувањето укажува дека луѓето кои го ослободуваат стресот од работата дома, преку редовен секс со партнерите и си дозволуваат период на интимност, имаат подобар професионален и сексуален живот.
Сексот е природен „лек“ за подобрување на расположението и неговото дејство трае без проблем до следниот ден, што значи дека ќе отидете на работа порасположени.
Во истражувањето биле опфатени 159 вработени луѓе во брак и биле набљудувани во текот на две недели. Испитаниците пополнувале два прашалници.
Според резултатите, значително голем дел од испитаниците кои имале секс биле подобро расположени следниот ден.
Зголеменото позитивно расположение наутро се покажало дека придонесува за поголема ангажираност на работното место, задоволство од завршената работа и кураж да се напредува во работата.
Ефектите траеле во период од 24 часа, со подеднаков интензитет и кај машките и кај женските испитаници.