Во светот денес има 12 држави кои не дозволуваат влез на својата тертиторија со пасош на Израел.
Иако 28 земји во светот не го признаваат постоењето на Израел како држава, сепак дури 16 од нив дозволуваат граѓаните на таа земја да влезат на нивна територија со израелски пасош. Но, 12 тоа не го дозволуваат.
Државите што не дозволуваат влез со израелски пасош се: Алжир, Бангладеш, Брунеј, Ирак, Иран, Јемен, Кувајт, Либан, Либија, Пакистан, Саудиска Арабија и Сирија.
А, пак, државите што не го признават Израел како држава, но дозволуваат влез со израелски пасош се: Авганистан, Венецуела, Комори, Индонезија, Катар, Куба, Мавританија, Малдиви, Малезија, Мали, Нигер, Оман, Северна Кореја, Сомалија, Тунис и Џибути.
Не сите држави што денес не го признаваат Израел тоа го правеле отсекогаш. Така, 8 го признавале, но некогаш одлучиле да го повлечат признавањето. Мали (во 1973), Нигер (1973), Малдиви (1974), Оман (2000), Тунис (2000), Катар (2009) и Мавританија (2010) го суспендираа признавањето на Израел, додека Иран сосема го повлече во 1979 година.