Додека за некои луѓе мастурбацијата е нешто сосема нормално и никогаш не ни помислуваат на фактот дека некој можеби не мастурбира или има потешкотии со тоа, сосема е нормално дека има и луѓе кои не го прават тоа.
Чувството непријатност или несигурност во врска со мастурбацијата е сосема нормално, особено ако земеме во предвид дека разговорот за мастурбацијата уште е табу тема во многу општества, особено патријархалните, па дури и да се зборува за тоа, често има конотација на срам.
Освен што ова е погрешно, бидејќи е сосема нормално и здраво да се мастурбира, ќе истакнеме дека нема ништо лошо ако некој не го сака мастурбирањето! Секој човек е различен и сосема е во ред доколку некој не гледа нешто корисно или интересно во него.
Меѓутоа, доколку сакате да се ослободите од чувството на непријатност, срам или едноставно немате идеја од каде да започнете, имаме неколку совети!
Ако мастурбацијата е нова за вас (или не е, но се чувствувате како да не е баш тоа-тоа), може да помогне да се вратите на почетокот и буквално да го истражите и запознаете вашето тело. Ова може многу да влијае на зголемувањето на самодовербата, а исто така и подобро познавање на сопственото тело и што функционира, а што не, ќе го направи процесот многу поинтересен и попријатен.
Не го спомнавме зборот процес во горниот дел без причина, бидејќи мастурбацијата не е трка или натпревар. Уживајте во процесот додека учите и истражувате различни начини да се допирате себе си и она што го допирате, без разлика дали се тоа прсти, дланки, секс играчки... Играјте со ритамот, количината на притисок, брзината и користењето лубриканти!
Тие не се резервирани само за секс во пар, туку постои цел свет на секс играчки наменети за мастурбација. Овој тип на експериментирање може да биде и забавен и едукативен и имајте на ум дека постои цел спектар на играчки кои се дизајнирани за одредени делови од телото и видови на мастурбација.
Обрнете внимание на тоа како се чувствувате, што функционира за вас, а што не. Фокусирајте се на секоја сензација, искуство и сигнал што вашето тело ви го испраќа. Ако нешто не ви одговара, дури и ако мислите дека треба да биде така, не мора да го правите тоа!