Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

„Ако барате среќа, а сте во врска, тогаш не сте во добра врска. Вие сте креаторот на вашата среќа во животот, а врската би требало да го надополни тоа“.

Терапевтите Викторија Голденберг и Ејми Чен споделија неколку совети кои ви кажуваат дали сте подготвени за нова љубов.

1. Имате хоби, пријатели и животни цели

„Без разлика дали неодамна сте излегле од врска или сте биле сами некое време, прво мора да бидете свесни за себе. Ако имате многу страсти и хобија што ги извршувате за лично задоволство и исполнување, тоа е знак дека сте подготвени да запознаете нова личност за романтична врска. Ако барате среќа, а сте во врска, тогаш не сте во добра врска. Вие сте креаторот на вашата среќа во животот, а врската би требало да го надополни тоа“, вели Викторија Голденберг.

2. Знаете како да се справите со проблем кога сте под стрес

Времето ги лекува раните на минатите врски, но не постои јасно правило за тоа кога треба повторно да излезете по раскинувањето. На вашата подготвеност најмногу укажуваат начините на кои се „лечите“ од последната врска додека сте слободни.

Ако по раскинувањето сте поминале некое време анализирајќи ја претходната врска, градејќи љубов кон себе и учејќи како да се грижите за себе во лоши времиња, веројатно ќе бидете подготвени да излезете пак на состанок.

„Но, ако го користите излегувањето како начин да си го одвлечете вниманието од осаменоста, можеби ќе ви треба повеќе време да заздравите“, вели Ејми Чен.

3. Не ги споредувате новите партнери со поранешните

Споредувањето на вашиот нов партнер со поранешниот е уште еден знак дека не сте подготвени. Ако барате споредба за сè или се „фаќате“ како копнеете по нешто што го правел бившиот партнер, правите чекор назад. Прво треба да го оставите минатото зад себе и да го преболите за да бидете подготвени за нови познанства:

„Уште едно предупредување за сингл луѓето кои имаат деца од претходните врски. Не кријте го тоа од вашиот нов љубовен партнер“, вели Викторија Голденберг.

4. Ги препознавате недостатоците на минатите врски

Способноста да размислите за вашите минати врски е знак дека сте подготвени за нови состаноци и познананства. Ако можете да ги одредите позитивните и негативните страни на поранешните врски, можете да избегнете паѓање во нездрави шеми додека запознавате нови луѓе.

Чен предлага да се направи список со последните неколку луѓе со кои сте се забавувале сериозно или сте биле во врска. Потоа запишете ги првите пет чувства што ги имавте во секоја од тие врски, како што се вознемиреност, незадоволство, поддршка, сигурност или тага.

„Тоа ви овозможува да видите какви одлуки сте донеле за да можете да се оспособите да носите подобри одлуки во иднина. Направете список со предмети што можете да ги преземете за да започнете со промена на моделот. Поставете некои граници“, додаде експертот за односи по раскинува.

5. Имате јасни цели за вашиот љубовен живот

„Бидете сигурни дека ги знаете вашите намери пред да излезете. Нема вистинска цел кога станува збор за состаноците, но треба да знаете дали сакате тоа да биде минлива авантура или барате нешто посериозно“, вели Викторија Голденберг.

Ако не сте сигурни што сакате, Голденберг препорачува да работите со терапевт, кој може да ви помогне подобро да ги разберете вашите вредности и потреби.

Целта е да знаете што сакате и во исто време да имате доволно самодоверба за да отфрлите некој што гледате дека не одговара на вашите вредности:

„Запознавањето еден со друг е процес во кој учите за себе, за она што го сакате, и што е најважно, за она што не го сакате. Користете го вашето минато за да бидете подобар архитект на својата иднина“, советува Ејми Чен.

реклама

Љубов и секс

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Read more

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more
 

Магазин

Најдобрите замени за месо: Здрави протеини од растително потекло

Читај повеќе

Доктор предупредува на необичен симптом на прстите што не треба да се игнорира

Читај повеќе

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Читај повеќе

Кето диетата може да го забрза формирањето на „зомби“ клетки

Читај повеќе

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе