Во ледените пространства на Антарктикот се крие вулкан кој исфрла буквално парчиња злато.
Откритието беше објавено во 1991 година од американски геолози.
Во тоа време, геолозите пронајдоа честички од злато во вулкански гасови и во снег во близина на вулканот, а IFL Science објави дека честички од благородниот метал се откриени на 1.000 километри.
Вулканот е сè уште активен и денес, а Филип Кајл, од Институтот за рударство и технологија во Ново Мексико во Сокоро, објасни дека наоѓалиштата на злато може да се појават во вулканските карпи, па кога лавата од планината испушта жешки гасови, таа носи дел од златните честички во воздухот.
Планината Еребус исфрла злато во вредност од околу 6.000 долари дневно, пишува AccuWeather.
Многу туристи ја посетуваат планината Еребус, која е позната и по својата трагедија.
Имено, на 28 октомври 1979 година, летот 901 на Air New Zealand се урна на едната страна од овој масив. Тој летал над островот Рос каде се наоѓа планината Еребус како дел од неговите редовни панорамски летови на Антарктикот кои се одржуваат од 1977 година. Во несреќата загинаа сите 237 патници и 20 членови на екипажот, а од тој ден Air New Zealand ги прекина сите летови над Антарктикот.