Неверојатен ММА настан се одржа во „Касиаа Сентр“ во Мајами рано утринава по средноевропско време.
Во главната борба на УФЦ 299 се решаваше кој ќе биде новиот шампион во бантам категорија (до 61 килограм). Актуелниот шампион Шон О’Мали го одбрани појасот.
Американецот со едногласна и крајно убедлива одлука на судиите по пет рунди со доминантен настап го совлада Марлон Вера.
Судиите гласаа 50-45, 50-45 и 50-44 во корист на борачот од Монтана, за кого ова беше прва одбрана на титулата, која прв пат ја освои со победата над Алјамејн Стерлинг минатото лето.
По борбата, О’Мали изјави дека би сакал Дејна Вајт, првиот човек на УФЦ, да му обезбеди авион кој ќе го однесе во Шпанија на меч со Илја Топурија, шампионот во категоријата до 66 килограми.