СЕРИЈА А 2023/2024

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Серија А продолжува вечерва со натпреварот меѓу Удинезе и Рома, но на сосема невообичаен начин бидејќи дуелот ќе се игра само 18 минути.

Натпреварот кој се играше минатата недела требаше да продолжи во 20 часот, но беше прекинат во 72. минута поради ужасна сцена. Фудбалерот на Рома, Еван Ндика колабираше на теренот, имаше минути на паника и вознемиреност на „Дачија Арена“, но на крајот се испадна на најдобар можен начин.

Дефанзивецот на Рома е хоспитализиран, а животот му го спаси брзата реакција на лекарите и официјалните лица на натпреварот. Се покажа дека тој немал проблеми со срцето, но изгубил свест поради претходен удар за време на натпреварот.

Дуелот веднаш беше прекинат и беше одлучено таа вечер да не се игра на самиот север на Италија. Двата тима ќе ја продолжат пресметката вечерва од 20 часот, а челниците на Серија А се решија на сосема неочекуван потег - играта ќе продолжи од 72. минута.

URL

Неодамна слична сцена беше забележана и во Англија, кога дуелот помеѓу Борнмут и Лутон беше прекинат во второто полувреме откако му се слоши на гостинскиот капитен Том Локер. Сепак, челниците на Премиер лигата решија да ја започнат играта од почеток и да го анулираат тогашниот резултат 1:1.

Интересно, на дуелот меѓу Удинезе и Рома резултатот е 1:1, но играчите ќе пристигнат во „Дачија Арена“ за да ги одиграат последните 18 минути. Рикардо Перејра ги доведе домаќините во водство со гол во 23. минута, но Ромелу Лукаку израмни на 1:1 пред самиот прекин.

За работите да бидат поинтересни, тешко е да се процени кому е поважен овој натпревар. Рома е на петтото место во жестоката битка за Лигата на шампионите и секој бод и е важен, додека Удинезе е на прагот од зоната за испаѓање со 28 бода.

Па веројатно и двете екипи вечерва со сите сили ќе се обидат да постигнат гол и да победат, а дали ќе им бидат доволни 18 минути останува да видиме.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе