Останати спортови
ЦЕВ ЕУРО 2019 ВО ОДБОЈКА

Финска ги испрати одбојкарите дома

19. септември 2019 - 8:31 | Ф.З.

Нема осминафинале за македонската одбојкарска репрезентација. Откако синоќа Финска во неизвесен натпревар ја победи Турција стави крај на нашиот мундијалски сон.

На Македонија ѝ требаше било каква победа на Турција за да заврши четврта во групата и да се пласира во осминафиналето. Но, Финците во тешка битка по пет сета триумфираа со 3:2 и нѐ потиснаа на петтото место, земајќи го за себе билетот за наредната фаза.

Турција синоќа и со пораз имаше обезбедено сигурен пласман, но одигра чесно, беспоштедно. Македонија испуштената прилика мора да ја бара во своите редови, во оние порази во првите натпревари од Финска со 3:1 и од Турција со 3:0 кога нашата игра не наликуваше на она што го прикажавме во победите над Белорусија и особено домаќинот Словенија, двата со по 3:1. Да им земевме само уште еден сет на Финците, да го изгубевме тој натпревар со 3:2 сега ќе имавме 7 бодови и табелата ќе беше друга.

Вака, Македонија и Финска имаат по 6 бодови, но ние извисуваме поради полоша сет-разлика и послаб меѓусебен дуел.

Како и да е, одбојкарите покажаа дека можат. Впрочем, ова е беше нивен дебитантски настап на едно ЕУРО, а токму тоа неискуство од играње на големи натпреварувања се покажа клучно на почетокот од турнирот.

Се враќаме дома наместо да се пакуваме за Нант, но главата горе момци, нѐ направивте годи!