Volkswagen одлучи да го понуди својот нов Passat во многу различни варијанти на мотори.
Достапен е како eTSI со 150 КС (со цена во Германија од 39.950 евра) и како TDI од датумот на лансирање, а компанијата со седиште во Волфсбург сега ја проширува својата понуда на уште четири верзии со погонски агрегат.
Веднаш започнува претпродажбата за два нови plug-in хибриди со 150 kW (204 КС) или 200 kW (272 КС), кои можат да поминат до 120 километри чисто електрично.
Покрај ова, германската марка подготви и две турбодизел варијанти, а можеби најинтересна е Passat TDI со 90 kW (122 КС). Верзијата од 142 kW (192 КС) доаѓа со најмоќниот TDI мотор и стандардниот погон на сите тркала 4Motion.
Општо земено, Passat се нуди како варијанта во линиите на опрема Passat (основна верзија), Business, Elegance и R-Line. Секоја верзија на погонот е поврзана со одредени линии на опрема.