Авто новости

Уште една Bentley легенда заминува во историја

15. јануари 2020 - 20:04 | А.С.

V12 моторите одамна се вид во изумирање, а полека згаснува и понудата за скапоцениот камен V8.

Bentley соопшти дека се збогува од твин турбо убавецот 6.75 V8, а за последното збогум избра вистински класик - Mulsanne 6.75 Edition by Mullinerшто ќе биде произведен во само 30 примероци.

На плочката ќе стои и потписот на шефот кој му пресуди – Адријан Холмарк.

Славниот мотор од L-Series за последен пат ќе згрми со 530 коњски сили и максимален вртежен момент од 1.100 Nm, а заедно со него ќе згасне и моделот Mulsanne. Позицијата на топ модел ја наследува Flying Spur со W12 мотор.