Разговор со писателот Живко Грозданоски во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“

Романот „Писмо за Глорија“ од писателот Живко Грозданоски е книга на месецот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје и по тој повод се организира разговор со авторот.

Разговорот со Грозданоски ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски, во спомен-собата „Т'га за југ“ утре, 3 април, во 19 часот.

„Втора година по ред, во кампањата ‘Читаме современи македонски автори’, првата недела од месецот го реализираме и Разговорот со авторот - за читателите одблизу да чујат нешто повеќе за процесот на пишување на самата книга. Ова е одлична можност со делото да се запознаат и оние кои досега не го прочитале“, велат од библиотеката „Браќа Миладиновци“.

Во „Писмо за Глорија“ процесот на пишување е еден вид терапија, па книгата отвора важни прашања и за себеприфаќањето. Овој роман е еклатантен пример за тоа како (авто)фикцијата може да биде книга за себеосознавање, себесоочување и самопомош преку клучот и лавиринтите што тој ни го отвора низ бескрајните предели на убавата литература – вели Фросина Пармаковска во освртот кон романот.

„Сакам да ѝ искажам благодарност на библиотеката ‘Браќа Миладиновци’ за тоа што ја одбра ‘Писмо за Глорија’ за книга на месецот, за тоа што го препозна значењето на ова дело, исто како што и жирито на ‘Роман на годината’ лани ја препозна вредноста на донкихотовската битка на еден писател, кој низ интроспекција и ‘интроспекција’, ја преточува својата приказна од чашата на автобиографијата во чашата на фикцијата и назад, не само во обид да излезе накрај со самиот себе, да дојде до разбирање, прошка и до надминување, туку да се приближи и до подлабоки, понови, поохрабрувачки вистини“, вели писателот Грозданоски.

Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Основно училиште завршил во Бигор Доленци и во Кичево, средно во Скопје. Дипломирал на Катедрата по италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, „Или-или“, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, „Антолог“, 2018). Преведува и препејува од и на италијански јазик.

Романот „Писмо за Глорија“ (во издание на Или-Или) е достапен во сите подружници на библиотеката „Браќа Миладиновци“.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Култура

Православните верници го слават Велигден

Read more

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе