Лидерот на Демократската унија за интеграција го повтори ставот дека Албанците не ја оспоруваат историјата, јазикот и култура на мнозинското македонско население.
Тој повика Македонците да соработуваат со Албанците за земјата да стане ченка на Европската Унија.
„Мораме да се концентрираме на тоа како да ја направиме земјава членка на ЕУ. Нема опасност за македонската заедница бидејќи таа може да го зачува свјот неприкосновен идентитет со тоа што ќе биде во тесна и блиска соработка со Албанците, како втора по големина заедница. Ние не ја оспоруваме нивната историја, јазик или култура, туку го прифаќаме нивниот идентитет како што тие го декларирале“, порача Ахмети од Шипковица, каде што Европскиот фронт деновиве имаше митинг.