Три клуба од Евролигата покажале сериозен интерес за најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ.
Димитријевиќ неодамна ја доби наградата за МВП во регуларниот дел од сезоната во ВТБ лигата. Сезоната ја заврши со просек од 19 поени, 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки по натпревар.
Пред две недели турските медуми објавија дека Фенербахче е сериозно заинтересиран за Димитријевиќ. Во неделата, се појави информацијата на La Repubblica дека за Македонецот се интересираат најдобрите италијански тимови, Олимпија Милано и Виртус Болоња.
Извесно е дека Димитријевиќ следната сезона ќе го гледаме во Евролигата.