Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија одржа прес конференција на која, претседателот на Движењето, Максим Димитриевски, ги реафирмираше државните приоритети на партијата, преточени во програмата за парламентарните избори „Проглас за достоинствена Македонија“.

Тој рече дека воделе скромна и позитивна кампања преку која ги промовирале конкретните мерки од програмата.

„Наша оценка е дека ги исполнивме целите на кампањата и дека мерките од нашата изборна програма 'Проглас за достоинствена Македонија' ги пренесовме до сите граѓани на Македонија кои ги препознаваат нашите конзистентни политики. Денеска сакам уште еднаш да ги реафирмирам државните приоритети на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија:

I). Движењето ЗНАМ - За наша Македонија смета дека врвен државен приоритет е на овие избори да се избере претседател на Македонија. Ги повикуваме сите граѓани масовно, во што поголем број да излезат на гласање и својот глас да го дадат за кандидатот по свое убедување.

II). Приоритети на Движењето ЗНАМ З- а наша Македонија за отпочнување на разговори за формирање и функционирање на идната Влада во мандатот 2024-2028 година се:

1. Дефинирање на македонските национални црвени линии на патот кон евроинтегративните процеси. Заштита на јазикот, историјата, идентитетот, културното наследство во сите фази на преговорите. Парламентот да усвои Декларација за националните македонски црвени линии.

2. Одложена примена на уставните амандмани по приемот на Македонија како полноправна членка на ЕУ, доколку се потребни измени во Уставот на Македонија.

3. Движењето ЗНАМ - За наша Македонија нема да партиципира во влада во која ДУИ би била коалиционен партнер.

4. Правда за сите, нулта корупција и борба против организираниот криминал. Незастарување на делата за криминал и корупција. Враќање на укинатите одредби од Кривичниот законик и
зголемување на казните за злоупотреба на службена положба и овластувања со казна затвор од минимум 10 години.

5. Македонија да биде една изборна единица.

6. Македонија треба да ја градиме како држава со мултиетничко општество со еднакви права и обврски на сите граѓани кон државата.

Да се отфрли наметнатиот наратив од албанскиот политички фактор дека Македонија треба да биде биетничка држава во која живеат две мнозинства и повеќе малцинства.

7. Македонија да ја направиме самоодржлива држава. Мораме самите да си обезбедиме енергија, сами да ја произведуваме храната за нашите потреби“.

Врз основа на претходно добиените гласови и анализите во партијата, Димитриевски вели дека очекуваат бројката што ја постигнале на претседателските избори да се потврди и истата да се зголеми.

„Колкав ќе биде бројот на пратеници не можеме да претпоставиме, бидејќи треба да се пресмета и одѕивот. Очекуваме поголем одѕив од страна на граѓаните на претстојните парламентарни избори, но како и да е, поддршката на Двиежењето ЗНАМ - За наша Македонија на претстојните праламентрани избори е поддршка од граѓаните за граѓаните и ние ќе се ставиме во функција и во коалиција со граѓаните на Македонија“, вели тој.

На прашањето дали ќе коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ и со коалицијата ВРЕДИ, Димитриевски рече дека до овој момент, најодговорно тврди дека ниту еден претставник на ЗНАМ нема водено никакви разговори по основ на било какви можни коалиции со било кој политички субјект.

„За жал, ние подадовме рака кон раководството на СДСМ со одредени барања, но не успеаја да се надминат себе си и штитејќи ги своите лични интереси, всушност во залог ја ставија социјалдемократијата, а се повикаа на наводно своја социјалдемократија, со што нѐ одбија и нас и граѓаните.

Дополнително, немаме разговарано ниту со ВМРО-ДПМНЕ ниту со друг политички субјект во државата. Ќе ги почекаме изборните резултати. Во рамките на органите и телата на партијата ќе ги донесеме сите наши понатамошни одлуки. Ние не трчаме по власта, ние трчаме по граѓанската поддршка. Движење ЗНАМ се роди од граѓаните, ќе работи со граѓаните и за граѓаните. И нашиот концепт е јасен – Македонија мора да биде стабилна, просперитетна држава, во којашто младите луѓе ќе ја најдат својата иднина“, вели ДИмитриевски.

Запрашан дали би влегле во влада во која ќе бидат договорени уставни измени Димитриевски одговори дека нивниот став по тоа прашање е јасен и јасно кажан што се однесува до соработка во владата и во кој состав на влада би соработувале.

„Ние посакуваме, доколку бидеме дел од идната влада, да имаме и албански партнер којшто ќе ги прифати овие услови. Во спротивно, Македонија е унитарна, независна и самостојна држава којашто ги носи одлуките врз основа на Законот и Уставот. Имам веќе кажано дека сѐ она што значи мнозинство од 61 пратеник плус е формирање на влада“.

На констатацијата дека лично дал поддршка за Гордана Силјановска, а сега повикува на гласање по сопствено убедување, Димитриевски одговори:

„Јас никогаш немам до сега изјавено нешто поразлично од ова што го кажав денеска. Тоа што одредени медиуми го лиферуваа, или поединци го разбираат како одреден став и кажување, тоа е нивни став и нема да го коментирам. Мојот став е јасен. На 20 јули 2022 година имав јавно извинување кон граѓаните за мојата поддршка на Стево Пендаровски во минатиот мандат и дека таа грешка нема да ја повторам. Но, тоа е мој личен издвоен став. Што се однесува до гласањето на граѓаните, симпатизерите и членовите на ЗНАМ, ние сме демократска партија и согласно таквата демократија што владее во партијата, ги повикувам граѓаните по сопствено убедување да се произнесат за оној кандидат за кој сметаат дека ја заслужува нивната доверба. Приоритет на Македонија е да се избере претседател на државата. Затоа повикувам на што помасовен одѕив, како и поддршка на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија на парламентарните избори за Македонија да тргне по нов пат“.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе