Пробавме „Три колори“ пица од Eatalian

Со оглед на тоа што на многумина сѐ уште им е „шубе“ да јадат во локали и најчесто се одлучуваат да порачаат храна за дома, продолжуваме да ви презентираме дел од опциите на угостителите кои вршат испорака до вашата локација. Денес едногласно одлучивме да јадеме пица, но, во потрага по нови интересни вкусови – одлучивме тоа да биде по следниве критериуми:

  1. Да не содржи месо (прејадовме периодов);
  2. Да не биде досадна (како маргарита);
  3. Да не биде од место од каде што веќе сме јаделе;

По кратко пребарување по клучни зборови на Facebook („пица“, „достава“ и тн.) и отфрлање на некои други пицерии поради неактивност или непривлечни фотографии - стигнавме до фан страницата на Eatalian Take Away. Како што навестува и самото име, станува збор за место со италијанска храна, кое функционира на принципот „take away” и достава на храна. Меѓу првите објави на фан страницата забележавме дека Eatalian има и опција за плаќање со картичка при достава 👉 Ова всушност не е никакво револуционерно решение во 2020 година, но ако земеме предвид дека речиси никој од доставувачите кои ни чукнале на врата не носеле терминал, Eatalian уште од самиот старт покажува дека ги препознава потребите на купувачите и има сериозен пристап кон работата.

По кратко разгледување, како страсни љубители на специјалитетите со лукче, се одлучивме за „Три колори“ која според декларацијата на Eatalian содржи: пелат, гауда, моцарела, крем сирење, сушен домат, маслинки, шери, маслиново масло, лук и магдонос.

Нарачката ја направивме во 10:50, а ја добивме во 11:20. Ако земеме предвид дека Eatalian се наоѓа на ул. Михаил Цоков (карши Општина Центар), а доставата е извршена на локација во Автокоманда – мора да кажеме дека времето од 30 минути за достава е во рамки на очекуваното. Најбитно од сѐ е тоа дека пицата беше топла!

Доставувачот ја најде локацијата без дополнителни јавувања и инструкции и при доставувањето носеше заштитна маска – ова го потенцираме затоа што е и тоа како битен детаљ во време на пандемија. Опремен со POS терминал, наплатата ја изврши без дополнителни „да не имаш ситно“ и „чекај, вака, дај ми 70 да ти вратам 120“ муабети кои се неизбежни со повеќето доставувачи.

Додека се подготвувавме за фотографирање, канцеларијата брзо се исполни со неодолив мирис на лукче и магдонос кој не нѐ остави да направиме повеќе од 7 фотки. Уште при отворањето на кутијата, веднаш е забележливо дека Eatalian не штедат на мастраф, а внимаваат и на тоа целиот „пакет“ да изгледа привлечно, нели, во случај да сакате да се пофалите на Instagram или Facebook.

При вадење на првото парче, го добивате оној ефект (најчесто видлив само на рекламите) на примамливо растегнување на кашкавалот. Ова е благодарение на задоволителната количина на гауда и моцарела, како и на доставата која успеа да ја донесе пицата сѐ уште топла. Пробуваме и веднаш потврдуваме дека вкусот е ТОП! 🔝 

Соодносот на моцарела и гауда е совршено искомбиниран, шери доматите се зрели и слатки, лукчето се чувствува (но, не е премногу застапено), а магдоносот и маслинките само додаваат дополнителен шмек кој влијае позитивно на целокупниот впечаток. Ако имате „страв“ од интензивниот вкус на маслинки, сакаме да потенцираме дека ниту беа премногу интензивни, ниту пак беа пресолени. На секое парче подеднакво се застапени и сушените домати, за кои, имаме мешани коментари. На двајца од нас ни се допаѓаат и сметаме дека се одличен додаток, додека една колешка смета дека пицата би била далеку подобра без нив. Пробајте, па пишете ни кој е во право! :)

Неизбежел дел од рецензиите за пица е и краткиот осврт за тестото. Кај нашиот примерок од Три колори, тоа беше совршено испечено, доволно тенко, крцкаво и вкусно. Да, ова е една од оние пици кај кои со задоволство се јадат и корките затоа што се подеднакво примамливи како и останатиот дел. Се потрудивме да најдеме и негативните работи (кои секогаш ги објавуваме со цел да се подобрат), но навистина во овој случај не успеавме да пронајдеме ништо што ни го наруши уживањето.

Единствената грешка која ја гледаме во денешниот оброк е всушност наша – требаше да порачаме ГОЛЕМА наместо средна пица! :)

thumb_up Позитивно
  • Брза испорака.
  • Топла пица.
  • Добро испечено.
  • Соодветни состојки.
  • Вкусно.
  • Сочно
  • Можност за плаќање со картичка
thumb_down Негативно
 

 

thumb_up
Кајгана
Оцена
5/5

 

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Пробавме

Пробавме: Туна салата од Tinex ToGo, без туна

Read more

Пробавме: Huawei Watch GT 3 SE

Read more

Пробавме Лосос бејгл од Baeggel

Read more

Пробавме EUROVAFEL на Swisslion

Read more
 

Магазин

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Читај повеќе

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Читај повеќе

8 совети за родителство што злато вредат

Читај повеќе

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Читај повеќе

Кои клучни особини ги наследуваме од родителите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Две најголеми грешки што ги правиме кога готвиме тиквички

Читај повеќе