Euronews Culture објави листа на најчести имиња во 30 европски земји.
Кога станува збор за земјите членки на ЕУ, името Ноа е најчестиот избор за новородените момчиња. Тоа е рангирано број еден во шест земји: Германија, Белгија, Холандија, Шведска, Швајцарија и Обединетото Кралство.
Во Чешка името Јакуб е омилено меѓу родителите на момчињата, Норвежаните и Словаците најчесто го избираат името Јакоб, а Јурај е број еден во Грција. Варијациите како Георги или Георгиос се хит во Бугарија.
Кај девојчињата најчест избор е името Марија, однос Мариа, со акцент на И. Повеќе Марии се родени во Бугарија, Кипар, Финска и Португалија отколку во која било друга земја. Ана-Марија често се споменува во Романија.
Следува Ема, име популарно во Луксембург, Малта, Холандија и Словачка, додека Миа е најпопуларното женско име во Хрватска, Естонија и Швајцарија. Софија, односно Софиа (со акцент на И) е водечко женско име во Латвија и Литванија.
Топ 10 најчести имиња за момчиња во Европа:
- Лукас
- Александер/Александар
- Оливер/Оливје
- Мухамед
- Ноа
- Елиас
- Матео
- Габриел
- Даниел
- Лиам
Топ 10 најчести имиња за девојчиња во Европа:
- Софија/Софиа
- Хана
- Марија/Мариа
- Исабела/Изабела
- Амелија
- Јасмина/Хасмин
- Ема
- Емилија
- Сара
- Елизабет/Елизабета
Податоците се добиени од статистичките заводи на земјите вклучени во истражувањето.