Maserati ѝ вели „не“ на електричната иднина

Италијанскиот автомобилски производител Maserati нема намера слепо да ги следи трендовите на целосна електрификација на продажната понуда. Иако оваа компанија има намера да воведе делумна електрификација на своите модели во иднина, сепак не сака да се откаже од моторите со внатрешно согорување.

Додека некои производители на луксузни автомобили, како Porsche и Rolls Royce, веќе на големо работат на нови електрични модели, Maserati останува посветен на конвенционалните бензински мотори.

„Ние сме таков автомобилски бренд на кој му се неопходни моторите со внатрешно согорување, бидејќи нашите модели мораат во себе да ја носат таа сирова емоција“, изјави за MotorTrend шефот на Maserati во САД, Ал Гарднер.

Италијанската компанија во моментот е во криза, поради тоа што продажбата на автомобили од овој бренд е значително намалена во последниот период, и покрај тоа што првпат во нејзината историја таа произведе SUV модел, наречен Levante.

Maserati ќе претстави нови модели на пазарот, кои ќе имаат хибриден погонски систем. Меѓу нив се еден целосно нов спортски автомобил што ќе дебитира на Саемот за автомобили во Женева во 2021 година, а една година подоцна на истиот Саем ќе се појави и новиот SUV, кој ќе биде нешто помал од актуелниот Levante.

реклама

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе