Концепти

Како би можело да изгледа новиот Mercedes AMG E63?

3. февруари 2020 - 10:56 | М.С.

Фотографијата од моделот E63 се појави на Instagram, а рускиот магазин Kolesa ја искористи за да направи рендер и да покаже како би изгледал новиот модел на Mercedes.

Не е тајна дека E-Class стилските промени ќе ги сведе на минимум и за повеќето модели ќе го задржи актуелниот дизајн.

Сите нови верзии на E-Class ќе имаат редизајниран преден и заден дел, а тоа особено се однесува на AMG моделот, како што може да забележите и на рендерот.

E63 има Panamericana решетки за ладилникот и нови редизајнирани предни светла и браник.

Рендерите не ја покажуваат внатрешноста каде што исто така се очекуваат промени.

Моделот ќе го добие најновиот систем на Mecedes MBUX infotainment, два 10,25-инчни екрани и уште многу други новитети.

Редизајнираната E-Class ќе биде претставена наскоро, а продажбата започнува на лето.