BMW 1, Kia XCeed, Mazda 3, Opel Corsa, SsangYong Korando и Toyota RAV4 се годинашните финалисти за избор на автомобил за 2020 во Македонија.
Прогласувањето на победникот ќе биде во средината на февруари годинава.
Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија го прославува 25-годишниот јубилеј.
Победникот традиционално ќе ја добие наградата „стилизирана маска на ладилник“ – авторско дело на Валентин Ширилов, која во сите досегашни избори ја добиваше победникот, а изработена е токму за националниот избор на автомобил на годината во земјава.
Покрај наградата „Автомобил на годината“ во Македонија, ќе биде доделено и признанието „СУВ автомобил на годината“, како и признанието за посебни достигнувања во автомобилската индустрија – „Томислав Биљарац“.