And Just Like That: Очајнички обид да се биде релевантен по „Сексот и градот“

Да, знам дека е спиноф, знам дека е кеширање на носталгија, знам дека е супер што жени на +50 се централни ликови во популарна серија... но по која цена?

Секоја жена која знаела нешто во врска со сексот кога почна да се емитува оригиналната серија „Sex and The City“ (SATC) во далечната (да, далечната!) 1998 година, има погледнато барем една епизода од мега популарното и сега веќе легендарно ТВ остварување што се протегна и во два (според мене бескрајно непотребни) филмови.

Приказната во „Sex and the City“ се вртеше околу секс-колумнистката Кери Бредшо (Паркер) и нејзините пријателки Миранда Хобс (Никсон), Шарлот Јорк (Дејвис) и Саманта Џонс (Катрал), нивните врски и љубов кон модата во Њујорк. Серијата се емитуваше шест сезони, освои седум Еми награди и осум Златни глобуси. Се снимаше според истоимената книга на Кендис Бушнел и иако добиваше пофалби за рушење на секс табуата, сепак наиде и на критики поради недоволниот диверзитет и ноншалантното третирање на некои многу важни теми, како расната дискриминација и еднодимензионалното и стереотипно претставување на одредени групи граѓани.

На страна моите измешани емоции за SATC воопшто, навистина не им требаше „And Just Like That“. Но, да не одам прекутрупа. Во јануари беше најавено дека Кристин Дејвис, Сара Џесика Паркер и Синтија Никсон ќе се вратат во улогите на Шарлот, Кери и Миранда во обновената верзија на „Sex and the City“ на HBO Max. Долго време кружеа гласини дека се размислува за „оживување“ на популарната серија, а извршни продуценти на спиноф верзијата се Паркер, Дејвис, Никсон и Мајкл Патрик Кинг. Веднаш беше јасно дека нема да ја видиме Саманта (Ким Катрал), а појавувањата на ликовите на Ѕверка и Стив беше неизвесно.

Уште додека траеше оригиналната серија почнаа да ми се разбиваат илузиите за фамозниот „Секс и градот“, кога идејата за сексуална револуција (на индивидуално ниво) и прифаќање на фактот дека жените апсолутно не мора да се омажат до 30 (на општествено ниво) беше потисната од фамозните (понекогаш бесмислени и секогаш брендирани) модни изданија на ликовите и сѐ полошите животни, финансиски, емотивни и кариерни одлуки кои на крајот (секако!) беа наградени. Да не ја спомнувам еднодимензионалноста на ликовите што не отиде подлабоко од „The Sisterhood of the Traveling Pants“ и ги остави лишени од каква било друга длабочина, додавајќи им плиткост, како и решеноста на екипата да биде слепа на диверзитетот во светот што е можеби најдобро отсликан во една метропола во „земјата на слободните“ – Њујорк.

Верувајте, ова го пишувам со љубов кон сериите како медиум и уметничка форма и дефинивно пиетет кон она што (донекаде) беше SATC. Да, во 1999 беа вау, ама при крајот веќе не беа, а дефинитивно не припаѓаат во 2022. Од она што го видов во првите две епизоди, „девојките“ веќе немаат што да кажат (за ова целосно се согласувам со Ким Катрал) иако очајнички се обидуваат да бидат релевантни. Жалното е што жените во нивните 50-ти се исклучително релевантни и дефинивно имаат што да кажат, но не и овие ликови кои во „And Just Like That“ се доведени речиси до карикатури.

Да, знам дека е спиноф, знам дека е кеширање на носталгија, знам дека е супер што жени на +50 се централни ликови во популарна серија... но по која цена?

На целиов потфат гледам само како на обид да се цица на носталгијата на милиони жени кои (можеби) доживеаја свои сексуални будења благодарение на некои елементи на серијата, и трошење пари за актерската (и продуцентска) екипа да ја почувствува барем за миг возбудата на некогашната слава, пари со кои би се направиле добри серии. Се потрошиле грдни пари (по 1 милион од епизода одат само за хонорар за секоја од трите главни актерки) за да се искупат за немањето диверзитет и прогресивност во оригиналната серија (и тоа броејќи ја Саманта), за сега да имаат лоши обиди да бидат во тренд, кул, woke и слично, вештачки напикувајќи сцени и ликови кои едноставно не вдахнуваат живот покрај восочните фигури на Кери, Миранда и Шарлот - и тука не зборувам за нивниот физички изглед, туку за немањето изградени ликови во нивните 50-ти, па се „шлепаат“ на тиковите на Кери од SATC.

Знам и дека се само две епизоди, но (тука следи мал спојлер, па ако не сте гледале...) гледајќи како една (наводно) кариерно и лично изградена жена во нејзините 50-ти не знае што ќе биде со неа бидејќи останала без маж и неговиот погреб го стилизира небаре ќе го има во Vogue, I couldn’t help but wonder, дали навистина мислат дека уште имаат што да им кажат на жените во 2022 година? Тука можеби ја разбирам само Синтија Никсон, чиј лик Миранда можеби беше и најопиплив за „обичните“ жени, која и самата се обиде да вплови во политички води и е жесток активист, па мислам се „излажала“ дека овојпат ќе може навистина да направи промена и да отвори прашања што се вистински релевантни за жените (и луѓето воопшто) денес. Но, со оглед на тоа дека во првите две епизоди пак е комичната оддишка на групата и понатаму (претпоставувам) некој нејзин говор за женското омоќување ќе биде засенет од некој моден избор на Кери, девојки, фала ви за сѐ, ама не фала.

реклама

Рецензии

КАЈГАНА рецензија: Зошто (не) треба да го гледате Leave the World Behind на Netflix?

Read more

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да го гледате Barbie?

Read more

And Just Like That: Очајнички обид да се биде релевантен по „Сексот и градот“

Read more

Кон „ТМ“ на Димитријевиќ и Иванов: Подржи ми го егзистенцијалниот немир

Read more
 

Сцена

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе