Кандидатката за претседателка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова со свој коментар на социјалната мрежа X, по повод отсуството на противкандидатот Стево Пендаровски на тв-дебата на Македонската телевизија.
„Вчудоневидувачки е како во најзначајната претседателска дебата пред националниот сервис, Македонската телевизија, јас ќе дебатирам со празно столче“, напиша таа.
Не разбирам, вели Силјановска-Давкова, зошто мојот противкандидат (@SPendarovski) им оневозможи на граѓаните повторно да ги соочиме нашите програми и ставови.
„Би сакала да го потсетам господинот Стево Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник, па го повикувам да се одважи и да се појави пред мене и пред граѓаните на Македонија.
Основна задача на шефот на државата е да гради консензус преку дијалог со сите“, пишува Силјановска-Давкова на социјалните мрежи.
Доби и одговор од нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски.
„Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ“, реагира Пендаровски на социјалните мрежи.