Швајцарците се далеку над просекот кога станува збор за имот по глава на жител, со што во просек се најбогатите граѓани во светот.
До средината на 2019 година имотот по глава на жител во Швајцарија изнесувал 564.650 американски долари што претставува зголемување за 17.790 долари во однос на минатата година, покажува извештајот на Credit Suisse Global Wealth.
Ова ја става Швајцарија пред САД, каде имотот по глава на жител се зголеми за 11.980 долари од средината на 2018 година. Потоа следуваат Јапонија, каде има зголемување од 9.180 долари и Холандија, со зголемување од 9.160 долари.
Најголем пад има во Австралија, и тоа од 28.670 долари од средината на 2018 година.
Во швајцарските банки богатството на домаќинствата пораснало за 45 проценти во периодот од 2000 година до 2019 година, што претставува просечна годишна стапка од 2 проценти. Финансискиот имот чини 55 проценти од бруто богатството во Швајцарија што претставува процентуално малку поголем износ од тој удел во Велика Британија, а помал во Јапонија или САД.
Кога станува збор за долговите, главно во облик на неподмирени хипотекарни кредити, во просек изнесуваат 142.620 долари по човек, претставува еден од највисоките во светот и е 20 проценти од вкупниот имот.
Коефициентот на долг е благо пораснат со најниски 19 проценти во 2014 година.