1.МФЛ 2019/20

Шкендија конечно најде нов тренер

Албанецот Ернест Ѓока е нов предводник на македонскиот шампион со мисија да го врати заспаниот џин на победничките патеки.

49-годишниот Ѓока е роден во Тирана и за него ова ќе биде прва авантура надвор од Албанија. Досега ги водел Аполонија, Камза, Томори, Фламуртари, Влазнија и Кук'си со кој во сезоната 2016/17 стана шампион на Албанија. Во 2014 го освои домашниот куп со Фламуртари од Валона, а во 2016 и Суперкупот со Кук'си.

Тетовскиот клуб му се заблагодари на Ерхан Селими кој го водеше тимот по отказот на Ќатип Османи сѐ до пронаоѓањето на нов тренер.

Ѓока преферира формација 4-2-3-1, што секако ѝ одговара на и онака офанзивната Шкендија бидејќи Османи токму таа формација и ја преферираше.

Шкендија е големо разочарување сезонава откако прво се избламира со настапите во квалификациите за Лигата на шампиони и Лига Европа доживувајќи елиминации од естонски Калју и луксембуршки Дуделанж. Крахот продолжи и во домашното првенство каде по 9 кола има дури 4 порази и заостанува цели 9 бода зад лидерот Вардар.

Прв предизвик за Ѓока ќе биде Академија Пандев која гостува во Тетово на 19-ти.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе