Соединетите Американски Држави во следните неколку години ќе станат центар на најдобриот светски фудбал, а на северноамериканско тло треба да се игра Ел Класико, дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид.
Големиот проект за популаризација на фудбалот во Соединетите Американски Држави доаѓа да „наплати“ затоа што најголемите фудбалски натпреварувања ќе се играат на тлото на оваа земја. Пред нас е Светското првенство, проширеното Светско клупско првенство со 32 клуба и Копа Америка, јужноамериканското првенство. Сите овие натпревари во следните две години ќе се играат во САД.
Но, освен тоа, Американците решија да го донесат Ел Класико, најголемото фудбалско дерби во светот помеѓу Реал Мадрид и Барселона.
Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас ја сподели информацијата дека прва желба на фудбалските челници во Шпанија е да го донесат Ел Класико на тлото на САД во сезоната 2025/2026.
„Не знам точно кога, но Ла Лига своите официјални натпревари ќе ги игра во странство. Мислам дека треба да започне од сезоната 2025/2026. Натпреварите во САД ќе ја зацврстат нашата позиција на северноамериканскиот пазар, што е второ најважно за нашата лига после Шпанија“, објасни Тебас во изјава за шпанскиот весник Expansion.
Натпреварите меѓу Реал и Барселона веќе традиционално се играат во САД пред почетокот на секоја сезона, а така ќе биде и летово што доаѓа. Сепак, ова се само пријателски натпревари, но од 2025 година најверојатно ќе бидеме сведоци на натпреварувачки дуели во оваа клима.
Инаку, Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, а една година претходно проширеното Светско клупско првенство со 32 селекции ќе се игра во САД. Јужноамериканското првенство, попознато како Копа Америка, годинава ќе се игра во САД од 20 јуни до 14 јули, а ќе учествува и репрезентацијата домаќин, па затоа најважните години за развој на фудбалот на северноамериканско тло се дефинитивно напред.