Хроника

Приведени седум лица по инцидент на фудбалски натпревар во с.Волино-Дебрца

9. септември 2019 - 15:27 | МИА

На 08.09.2019 во с.Волино-Дебрца на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Сатеска од с.Волино и ФК Црно буки од Битола, околу 17.05 ч. поради незадоволство од одлука на судиите, З.Т. (47) од. с.Волино влегол на теренот да ги нападне.

Полициски службеници интервенирале и при превземање на мерки за приведување на З.Т. тој пружил отпор.

Полициските службеници во извршувањето на службени дејства (при приведувањето на игралиштето и потоа и при транспорт на приведените) биле попречувани од Т.Н. (50) од с.Волино, К. Н. (21) од с.Волино, С.Б. (37) од. с.Волино, Д.С. (24) од с.Волино, Б.А. (36) од с.Волино, Н.С. (27) од. с.Волино, М.А. (59) од с.Волино, кои се приведени во ПС Охрид.

Во попречувањето учествувале и Г.Д., А.В. и Ѓ.И. за кои се преземаат мерки за пронаоѓање.

Известен е јавен обвинител и против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

МВР со претставка до ЗНМ, СЕММ и АВМУ за информирањето на одредени медиуми за инцидентот во Волино

Министерството за внатрешни работи испрати претставки до Здружението на новинари на Македонија, Советот за етика во медиумите и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поради информирањето на одредени медиуми за инцидентот на фудбалскиот натпревар во село Волино.

Како што соопштија од МВР, претставката е поради очигледното свесно дезинформирање од одредени медиуми во врска со инцидентот и очекуваат новинарските организации да реагираат на ваквото непрофесионално постапување.

-Се надеваме дека овие организации соодветно ќе реагираат на непрофесионалното, неетичко и очигледно свесно дезинформирачко постапување со цел поттикнување на омраза, насилство и нетрпеливост на неколку медиуми, иако уште од почетокот со усна информација, а потоа и по писмен пат и преку извадокот на дневни настани Министерството за внатрешни работи детално информираше за овој наста, се наведува во соопштението на МВР.