Култура

Почина Благоја Јордановски, еден од основачите на детскиот фестивал „Златно славејче“

15. ноември 2019 - 16:55 | МИА

Скопје, 15 ноември 2019 (МИА) – Почина Благоја Јордановски, еден од првите македонски народни учители, еден од најпознатите активисти околу детското згрижување и напредување во нашата земја.

Јордановски е роден на 25 февруари 1930 година во Штип. Припаѓа на првата генерација народни учители кои ја завршија учителската школа во „Никола Карев”. Беше директор на пионерскиот дом „Карпош“ и секретар на Градскиот сојуз за грижи и воспитување на децата од Скопје, како и учител и директор на децата прогонети од Егејска Македонија во градот Бела Црква, Војводина.

Тој е еден од основачите на детскиот фестивал „Златно Славејче“. Добитник е на наградата 13 Ноември за заслужен граѓанин за учество во тимот за обнова на Скопје по земјотресот во 1963 година, како и други позначајни награди.

Погребот ќе се одржи утре на градските гробишта во Бутел, со почеток во капела во 12:30 часот.