„Мојот маж“ од Румена Бужаровска меѓу најпродаваните книги од источноевропски автори во Франција

Осум години по објавувањето, сè поголем е интересот за збирката раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска. 

„Мојот маж“ е веќе објавена на српски, хрватски, германски, англиски јазик, унгарски, италијански, албански јазик, а наскоро се очекуваат и преводите на грчки, шпански и португалски јазик. Кај нас доживеа осум реизданија во ,,Или-Или”. Расказите беа инспирација и за театарски претстави во три земји – Македонија (Драмски театар), Србија (Југословенско драмско позориште – Белград) и Словенија (Словенск народно гледалишче).

Книгата раскази во превод од македонски на француски на Марија Бежановска, е во издание на „Галимар“, под наслов „Mon Cher Mari“.

Бужаровска е прв автор од Македонија кој некогаш бил објавен преку издавачкиот гигант со богата и долга традиција. Книгата официјално се најде во книжарниците низ Франција на 8 септември.

Ненад Стевовиќ од „Или-Или“ ја сподели веста дека „Мојот маж“ на Бужаровска е меѓу најпродаваните книги во Франција од автори од Источна Европа, во друштво на Кундера и Достоевски меѓу првите пет.

Тој додава дека во изминатите осум години објавени се осум тиражи на книгата на македонски јазик и продадени се околу 4.000 примероци.

Со „Мојот маж“, Румена Бужаровска потпишува збирка од единаесет раскази цинично пристапувајќи кон различните разочарувања од брачниот живот. Во превод од македонски на Марија Бежановска, делото во издание на „Галимар“ нуди убав преглед на балканската книжевна сцена. Целото дело е тврдоглаво, комично и изразито феминистичко – пишува Ан-Шарлот Пелтрие од Zone-critique, пренесува umno.mk.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Книги

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Read more

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе