ФИФА СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2019

Каледонците ги освоија симпатиите и загубија по продолженија

Почна Светското клупско првенство каде во првото коло домаќинот го совлада шампионот на Океанија по 120 минути игра.

Катарскиот клуб Ал-Сад, кој како шампион на земјата домаќин игра на Светското клупско првенство, се намачи во првото коло против симпатичниот тим на Јанген од Нова Каледонија.

Тимот на чија клупа седи познатиот Чави го отвори резултатот во 26-тата минута преку Алжирецот Бахдад Бунеџах, а набрзо потоа постигна и втор гол кој беше поништен поради офсајд.

Аматерскиот тим на Јанген покажа дека е не залутан на првенството и на двапати се закани, прво преку Џеферсон Дахити, а потоа и преку Антоан Роине. Малку фалеше да постигнат и неверојатен гол со ножички кога Жозеф Атале се обиде со таква атракција, но домашниот голман Саад Ал-Шиб беше претпазлив.

Веднаш по паузата шок за Ал-Сад. Роине го доби дуелот со Буалем Хухи и со прецизен удар го совлада Ал-Шиб израмнувајќи на 1:1.

Потоа Ал-Сад ја презема контролата, но не успеваше да погоди за победа. Голот на Хасан Ал-Хајдос беше поништен од ВАР поради офсајд, па натпреварот отиде во продолженија.

Дека сепак фудбалот во Нова Каледонија е навистина аматерски се погрижија Седрик Сансо и голманот Бернар Каи. Една вратена топка од Сансо заврши во рацете на Каи и Ал-Сад доби индиректен удар кој со топовски удар Абделкарим Хасан го прертвори во водство точно во 100-тата минута. Четири минути подоцна Педро ги постави конечните 4:1.

Јанген по само еден натпревар се враќа дома, додека Ал-Сад оти во второто коло каде задутре ќе игра против шампионот на Северна Америка, мексикански Монтереј. Истиот ден прво ќе се сретнат шампионите на Азија и Африка, саудискиот Ал-Хилал и тунискиот Есперанс.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе