СЕРИЈА А 2019/20

Елмас најплатен наш фудбалер во Италија

Со милион и пол евра по сезона, тинејџерот Елиф Елмас заработува повеќе од Горан Пандев и Илија Несторовски заедно.

Најплатен Македонец во италијанското калчо е оној кој последен дојде. Елиф Елмас со Наполи има договор до 2024 година кој вреди 1,5 милиони евра по сезона. Не е чудно бидејќи тој летово дојде како големо засилување за во иднина, со оглед на тоа што има 19 години.

Втор по заработка е напаѓачот Илија Несторовски кој летово од банкнотираниот Палермо премина во Удинезе. Популарниот „НестоГол“ заработува 600 илјади евра по сезона, а договорот му е до 2022. Сепак, Несторовски е во топ пет најплатените во неговиот клуб каде никој нема плата која достигнува милион евра.

Последен е најдобриот, оној кој постигна најмногу во кариерата. Горан Пандев во Џеноа зема „само“ 350 илјади евра по сезона, а договорот му истекува наредното лето кога најверојатно ќе замине во пензија. И покрај неговото реноме и богатата кариера, нормално е да не заработува многу со оглед на неговата возраст од 36 години.

Интересно, платата на Елмас е колку најплатениот играч нa Џеноа, летното засилување Данецот Ласе Шене.

Дејан Кулушевски, четвртиот Македонец во Серија А, но кој моментално настапува за Шведска, е најслабо платен со 250 илјади евра. Тој сезонава е на позајмица од Аталанта во Парма.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе