Филм & ТВ

Даниел Крег решава мистериозно убиство во трејлерот за „Knives Out“

19. септември 2019 - 14:51 | Б.С.Б.

Lionsgate објави нов трејлер за „Knives Out“, филм во кој заедно ќе се појави одлична филмска екипа составени од популарни актери како Даниел Крег, Џејми Ли Кертис, Крис Еванс, Кристофер Пламер, Дон Џонсон, Тони Колет, Ана де Армас и други. Режисер е Рајан Џонсон, а премиерата е закажана за 27 ноември.

Трејлерот открива убиство на познат крими писател на неговиот 85-ти роденден, а задача на детективот кој го толкува актерот Даниел Крег е да открие кој е извршителот. Додека трае истрагата сите од семејството се осомничени, а се случуваат прилично мистериозни и непријатни настани.

Со овој филм режисерот Рајан Џонсон ѝ одава почит на славната писателка Агата Кристи, создавајќи современа мистерија со убиство во која сите се осомничени.