Селекторот на машката ракометка репрезентација на Македонија денеска објави список на кој се наоѓаат 28 ракометари од кои понатаму ќе треба да ги одбере патниците за претстојното Европско првенство.
Македонија првиот натпревар на Европското првенство го игра на 10 јануари и до тогаш селекторот Данило Брестовац треба да го има скроено составот. Денеска селектираше 28 играчи кои се најдоа на поширокиот список кој накнадно ќе биде скратен. Регулативите на ЕХФ велат дека на ЕУРО една репрезентација може да понесе максимум 28 играчи, но само 16 можат да бидат на располагање на еден натпревар. Се очекува Брестовац на крајот да одбере дваесетина.
Голмани:
Никола Митревски - Еурофарм Работник
Мартин Томовски - Фризенхајм, Германија
Борко Ристовски - Бенфика, Португалија
Марко Кизиќ - Вардар
Бекови:
Мартин Велковски - Еурофарм Работник
Кирил Лазаров - Нант, Франција
Филип Талески - Балинген-Бајлштетен, Германија
Велко Маркоски - Металург
Филип Кузмановски - Магдебург, Германија
Марио Танкоски - Металург
Горан Крстевски - Линц, Австрија
Дејан Кукуловски - Вардар
Мартин Серафимов - Металург
Дарко Димитриевски - Синфин, Шпанија
Марко Мишевски - Гренобл, Франција
Дарко Георгиевски - Анжер, Франција
Мартин Манасков - Охрид
Крила:
Дејан Манасков - Веспрем, Унгарија
Димитар Димитриоски - Вардар
Ненад Костески - Загреб, Хрватска
Гоце Георгиевски - Букурешти, Романија
Мартин Поповски - Пролет
Томислав Јагуриновски - Металург
Бојан Маџовски - Еурофарм Работник
Пикери:
Стојанче Стоилов - Вардар
Никола Маркоски - Еурофарм Работник
Жарко Пешевски - Штутгарт, Германија
Костадин Петров - Гуадалахара, Шпанија
Македонија на Европското првенство кое ќе се одржи во Австрија, Норвешка и Шведска натпреварите ќе ги игра во Виена.
Распоред:
10.01.2020 Македонија – Украина (20.30 часот)
12.01.2020 Чешка – Македонија (16.00 часот)
14.01.2020 Австрија – Македонија (18.15 часот)