Белуга китови, мразокршач и класична музика - необична морска приказна

Во декември 1984 година, локален ловец забележал група од околу 3.000 белуга китови заробени од мраз во Чукотското Море, во близина на Русија, тогаш СССР. Китовите биле ограничени во мали отворени езерца, опкружени со густ, непробиен мраз со дебелина до 3 метри во некои области.

Без пристап до поголеми области на океанот, китовите тешко дишеле и биле изложени на ризик да умрат. За да им помогнат да се спасат, Русите го донеле мразокршачот „Москва“, опремен со специјално зајакнат труп за кршење мраз. Бродот се обидел да ги однесе китовите на безбедно со кршење на мразот, но белугите првично одбиле да го следат.

На почетокот китовите едноставно се одмарале во поголемите базени што ги направил „Москва“, хранејќи се и добивајќи сила. Потоа се активирале, играле, свиркале, квичеле, шмркале – со еден збор, правеле се освен една работа – влегување во каналот направен од мразокршачот.

Потребни биле уште четири дена за да ги научат белугите да не се плашат од бродот, од бучавата на неговите пропелери. Мразокршачот одел до и од стадото. Потоа некој се сетил дека делфините реагираат акутно на музика. И така, екипажот пуштил да свири музика од бродските звучници на горната палуба. Пуштале секаква музика, но се покажало дека класичната музика е најмногу по вкусот на белугите. Конечно стадото полека почнало да го следи бродот низ тесниот канал на отворена вода.

„Самите почнаа да доаѓаат до бродот. Го опколија од сите страни. Беа среќни како деца, скокаа, се шеткаа низ леденото поле“, пишува сведоштво во весникот Известия.

Ова им овозможило на околу китовите да стигнат до незамрзнатиот океан по патување од речиси 160 километри.

Успешната акција за спасување траела неколку дена, а подоцна била наречена „Операција Белуга“. Тоа бил масовен потфат во кој СССР ја чинел околу 80 илјади долари

Тагови
реклама

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе