На спектакуларниот настан UFC 300 минатиот викенд во Лас Вегас се појави и ерменско-рускиот борач Арман Царукјан, кој го победи Бразилецот Шарлс Оливејра да Силва, а сега е во центарот на вниманието поради видеото кое потоа беше објавено во јавноста.
Царукјан со жесток удар нокаутираше еден од навивачите кога излегуваше до кафезот, а за тој инцидент проговори подоцна.
Очигледно е дека навивачот гнасно го навредувал борачот кој се претставува како Русин, иако е роден во Грузија од родители Ерменци, а Царукјан не откри што точно му рекол навивачот.
„Можете да ме исмевате од 200 метри, но никој нема да ми кажува гадни работи в лице. Јас сум од Русија, немојте тоа да го правите. Ве молам, не се ни обидувајте бидејќи ќе завршите во болница, а јас во американски затвор“, објасни Царукјан, а американските медиуми објавија дека навивачот не можел да се освести неколку минути и паѓал на подотр.
Но, поради овој потег Царукјан секако ќе мора да одговара, бидејќи целиот случај треба да заврши на суд.
Навивачите се шегуваа на социјалните мрежи дека Царукјан таа вечер во Лас Вегас остварил две победи, но само една му била запишана.
Во пресметката против Оливејра, Царукјан доби поделена одлука по 15 минути вистинска војна во октагонот. Моментално во кариерата има биланс од 22 победи и 3 порази. Во УФЦ беше поразен само од Ислам Махачев и Дариуш Гамрот, а сигурно е дека наскоро ќе го видиме Царукјан во напад на појасот во лесна категорија (до 70 килограми).