Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Кога беше објавено дека Мајк Тајсон и Џејк Пол ќе се борат на 20 јули во Арлингтон на стадионот AT&T, сите љубители на боксот ја дочекаа веста со голема доза на скептицизам.

Со оглед на тоа дека боксерскиот меч го организира Netflix, повеќето мислеа дека тоа ќе биде „популистичко шоу“, а дека борбата нема да биде од сериозен карактер.

Дури на почетокот се најавуваше и како егзибициски меч, но сега дојде до голем пресврт.

Последната професионална борба легендарниот Тајсон ја имаше на 11 јуни 2005 година кога беше поразен од Кевин Мекбрајд и се повлече со биланс од 50 победи и 6 порази.

По тој натпревар, Тајсон имаше борби со Кори Сандерс на 20 октомври 2006 година и со Рој Џонс Јуниор на 28 ноември 2020 година, но тие беа спроведени како егзибициски и не влегоа во неговиот официјален скор.

URL

Борбата против Пол ќе биде и можност за Тајсон на 59-годишна возраст да ја забележи својата 51-ва победа во официјални борби.

Познатиот новинар Мајкл Бенсон најави дека борбата на 20 јули ќе биде професионална, и дека ќе биде 57-ма во Тајсон и 11-та во професионалната кариера на Пол.

Во моментот на борбата Тајсон ќе има 58 години, а Пол кој во професионалната кариера има 9-1 ќе има 27 години.

Тие ќе боксуваат осум рунди од две минути, наместо стандардните триминутни рунди карактеристични за машките професионални мечеви, и ќе носат ракавици од 14 унци кои се малку поголеми од стандардните што се гледаат во професионалните боксерски натпревари.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Останати спортови

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Read more

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Read more

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе