Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерот на Демократското движење и носител на листата за пратеници во првата изборна единица од коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити, сѐ уште не разговарале за уставните измени, иако веќе се зборува за можноста да бидат коалициони партнери ако ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори.

Дали уставните измени би можеле да бидат препрека да се реализираат овие планови? Меџити денес не даде конкретен одговор на ова прашање.

„И порано и сега велиме дека сме заинтересирани да бидеме фактор за Влада која ќе биде европски ориентирана. За нас е тоа приоритет, но сега сме фокусирани на кампањата, програмата. Кога ќе седнеме, ќе ги разговараме ставовите на маса“, рече Меџити.

Прашан од новинарите кој ќе биде нивниот став, Меџити додаде: „Нашиот став е јасен. Нема дилема на ВРЕДИ за ставот за евроинтеграциите“.

И првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ вчера изјави дека не се водени разговори со ВРЕДИ на тема уставни измени. Мицкоски во интервју за „360 степени“ повтори дека измени на Уставот – не прифаќаат. Рече и дека пораката од народот е дека досегашната влада треба да оди во опозиција, а на коалицијата ВРЕДИ треба да ѝ се даде шанса.

„Не може една политичка партија да биде континуирано повеќе од 20 години малку со едната, малку со другата партија и така цело време да манипулира со граѓаните и со гласачите. Цениме дека треба да се даде шанса на опозицијата бидејќи јасна е пораката“, рече Мицкоски.

ДУИ упати обвинување до ВМРО-ДПМНЕ дека договара коалиција без да го почека резултатот од изборите, порачувајќи дека волјата на народот треба да се почитува, но и дека без нивните пратеници нова Влада нема да се формира.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе