Симптоми кои никогаш не треба да ги игнорирате

Иако за поголемиот дел од симптомите кои секојдневно ги чувствуваме нема потреба да се грижиме, сепак постојат некои работи кои никако не треба да ги игнорирате.

Докторката Евелин Левин неодамна направила листа од „секојдневни“ симптоми и објасни како тие можат да бидат знак за сериозни медицински состојби.

Болка во стомак

Иако болката во стомакот најчесто е безопасна, изненадувачка абдоминална болка е знак дека морате да посетите доктор. Многу работи можат да ја предизвикаат оваа болка - запек, пукање на циста на јајниците или оштетена аорта.

Недостаток на здив без никаква причина

Доколку останете без здив, тоа може да сугерира појава на пулмонална емболија. Голема веројатност за развивање на пулмоналната емболија постои доколку земате некои апчиња, долго седите, пушите или летате. Исто така овој симптом може да биде причина за појава на пневмонија или панични напади.

Ненадејна главоболка

За многумина главоболката е секојдневен дел од животот, а нејзината јачина варира од обична главоболка до мигрена. Меѓутоа, секоја ненадејна главоболка бара посета на доктор. Ако главоболката се појави наеднаш и се силен интензитет тоа може да биде знак за мозочно крварење за кое е потреба итна хоспитализација.

Жед која не може да се задоволи

Доколку забележите дека пиете премногу вода во текот на денот, тогаш би требало да закажете преглед. Полидипсијата е еден од првите симптоми на дијабетес. Кога нивото на шеќер во крвта е превисоко, телото врши притисок на бубрезите да произведуваат повеќе урина за да се ослободат од вишокот на глукоза, а тоа доведува до голема жед и често мокрење.

Болка во рамото, вилицата, вратот или грбот

Ова се најчестите симптоми за срцев удар. Покрај тоа обично се во комбинација со малаксаност, кашлање и повраќање. После тоа човекот започнува да се поти и се онесвестува. Било кој од овие симптоми во комбинација со наведениве појави е знак дека итно морате да му се обратите на вашиот доктор. 

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Здравје

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Read more

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more
 

Магазин

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Читај повеќе

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе