Ракометарките на Ѓорче Петров за противник во четвртфиналето на денешната жрепка го добија шпански Елче.
Фортуната сакаше Ѓорчепетровки да се соочат со моментално третопласираната екипа во најдобрата шпанска лига. Елче по 14 кола има скор од 11 победи и 3 порази. Во осминафиналето Елче ја елиминираше португалска Мадејра со вкупни 59:49 (33:22 и 26:27)
Четвртфинале:
Михаловце (Словачка) - Венло (Холандија)
Елче (Шпанија) - Ѓорче Петров (Македонија)
Гранољерс (Шпанија) - Гран Канарија (Шпанија)
Бенфика (Португалија) - Јаликавакспор (Турција)
Првите натпревари ќе се играат на 9 и 10 март, а реваншите на 16 и 17 истиот месец.
Направена беше и полуфиналната жрепка каде доколку нашиот Ѓорче Петров го елиминира Елче ќе се соочи со подобриот од шпанскиот дуел меѓу Гранољерс и Гран Канарија.
Полуфинале:
Гранољерс/Гран Канарија - Елче/Ѓорче Петров
Михаловце/Венло - Бенфика/Јаликаваспор
Полифиналните натпревари ќе се играат на 20/21 април, а реваншите една недела подоцна, на 27/28.
Снимка од жрепката: