Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Најдебелиот ракометар во светот, Готје Мвумби, го воодушеви спортскиот свет на Светското првенство во 2021 година кога се истакна како играч на францускиот четвртолигаш Дро во дресот на ДР Конго.

Тогаш во официјалните податоци беше забележано дека е висок само 1,76 метри, а тежок 89 килограми, но впечатокот на сите што го гледаа беше дека ракометарот тежи далеку повеќе од наведените килограми.

Сега е уште потежок отколку тогаш, а се верува дека тежи повеќе од 130 килограми. Но, тој сепак е исклучително ефикасен. Нормално, игра како пикер.

Ракометниот пат по тоа Светско првенство во 2021 година го однесе во САД, а оваа сезона ја започна како играч на француски Руан.

Но, за неколку месеци ќе го видиме во дресот на еден балкански прволигаш.

Имено, грчкиот клуб Диомидис се пофал дека Мвумби од следната сезона ќе го носи неговиот дрес.

„Добредојде, планино!“, му порачаа од грчкиот клуб.

Диомидис е клуб од градот Аргос на Пелопонез, основан е пред 40 години и е двократен шампион на Грција (2012 и 2014 година), а во своите витрини има и еден европски трофеј, Челинџ купот на ЕХФ, кој го освои во 2012 година.

реклама

Ракомет

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе