Легендите на Манчестер Јунајтед, Рој Кин и Гари Невил, во еден подкаст открија дека дека со денови се пијанчеле по натпреварите во Премиер лигата. Станува збор за периодот кој некои го нарекуваат и златна ера на тимот кој тогаш го предводеше сер Алекс Фергусон.
„Луѓето велеа дека сум добар професионалец, но некои работи што ги правев беа апсолутно срамни“, покајано вели Кин.
Детално опиша како се пијанчел, особено во нефудбалските денови.
„Многу пати одев во сабота по натпревар, во недела, понеделник, вторник… Да бидам фер, би ја поставил границата во среда“, откри освојувачот на 7 Премиер лиги, 4 ФА купови и Лигата на шампиони.
Во 2002 година, Ирецот во својата автобиографија „The Second Half“ призна:
„Имаше период, во раните 90-ти, кога бев алкохоличар. За среќа, успеав да се извлечам од тој виор. Сега пијам само вода“.
Гари Невил го надополни соиграчот, велејќи дека многу од најдобрите играчи биле озлогласени алкохоличари.
„Причината поради која се извлекувавме е што другите тимови го правеа истото. Сè додека секој можеше да испие 10 големи кригли, бевме на исто ниво на кондиција“, раскажа трофејниот десен бек од „Олд Трафорд“.
„Знаете… Јас го анализирам периодот пред сезоната 1995/1996 година, сите играчите го правеа истото. Помеѓу 1996 и 2000 година фудбалот стана многу професионален, дојдоа нутриционистите…“