PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Игрицата „PUBG: Battlegrounds“ е доволно стара за да предизвика носталгија, таа е пионер во светот на игриците на Battle Royale, а се појави во 2017 година. Сепак, сега ќе се присети на минатото и ќе ѝ оддаде почит на својата прва мапа.

Развивачот и издавач Krafton ја објави мапата Erangel Classic, која ќе ги репродуцира концептите, графиката, атмосферата и корисничкиот интерфејс на оригиналната мапа, но сето тоа ќе го измеша со модерни карактеристики за да понуди „уживање во гејмплеј на кој гејмерите се навикнаа“. Со други зборови, исто како и со ремастерите на другите класични игрици, целта е да се чувствувате што е можно поблиску до оригиналот, но без да исфрлите суптилни подобрувања во квалитетот од еволуцијата на игрицата. Erangel Classic ќе биде достапна две недели во мај и јуни.

Ако идејата за „реновирана“ мапа ви звучи познато, тоа е затоа што „Fortnite“ на крајот на минатата година ја врати својата оригинална мапа на островот од 2018 година, со што беше срушен рекордот по број на играчи. Мапата достигна 44,7 милиони играчи. Лесно е да се види зошто Krafton сака парче од тој колач.

Специфичните карактеристики на оригиналната мапа вклучуваат магливо и дождливо време, што создава атмосфера на непредвидливост. Дополнително, играчите ќе најдат оружје на стартниот остров, чија моќ ќе биде намалена за да одговара на оригиналот.

Мапата постепено ќе пристигнува на компјутер и конзоли, што всушност ќе го зголеми времето за играње за оние кои ја поседуваат игроцата на повеќе платформи, а исто така потенцијално ќе му помогне на Crafton да продава повеќе предмети.

Erangel Classic ќе биде достапна за компјутер од 14 до 28 мај, а за конзолите од 23 мај до 6 јуни, заменувајќи ја модерната Erangel мапа во тие периоди.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе