Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Мотивацијата по првиот круг од претседателските избори е зголемена, соопшти претседателот на Левица и носител на ИЕ1, Димитар Апасиев.

,Мотивацијата е зголемена, затоа што ова беше наше огнено крштевање – прв пат имавме претседателски кандидат и тоа е одлично искуство. Партијата продолжува напред. Отворивме над триесетина канцеларии во меѓувреме, во овие две последни години, така што мотивацијата е најмалку да го дуплираме скорот којшто го донесе професорката Ванковска“, вели претседателот на Левица, Апасиев.

Левица очекува поголем број пратеници на Парламентарните избори, за да може уште посилно да се бори против штетните политики и да ги застапува интересите на граѓаните, остварувајќи ја својата изборна програма.

,,Поголем број пратеници од Левица во Собрание би значело брана против сите штетни политики на косоваризација и бугаризација на државата. Ние со два пратеника успеавме да спречиме многу штетни политики: успеавме да спречиме етничка припадност во лични карти, приватизација на Брза помош, ги намаливме цените на болниците во време на ковид-криза, така што кога со двајца тоа го постигнавме, можете да замислите со 8-12 пратеници!“

Оттука Апасиев порача дека гласот даден за Левица не е фрлен глас.

,,Гласот за Левица е глас даден за една искрена, чиста опција којашто е единствена на левата политичка сцена. Бидејќи сега се остварува нашата прогноза за пасокизација на СДС, гласот за Левица е глас насочен кон правата левичарска опција во Македонија“.

Левица има најрадикална – во смисла на добра радикална политичка програма.

,,Ние предвидуваме шестчасовно работно време, затоа што тоа ќе ја зголеми продуктивноста. Понатаму – двосменска администрација, а имаме најголема антикорупциска платформа и, да не ја заборавиме, Македонската платформа како основа за преговарање за секоја идна влада – тоа значи запирање на уцените кои постојано, од година во година, доаѓаат од страна на необалистичките партии на албанското малцинство“, додава Апасиев.

За Македонската платформа, Левица зборува веќе 2 години.

,,Македонската платформа е искрена платформа, којашто ние ја вергламе веќе две години наназад и мислиме дека тоа е единствениот спас од опасноста на федерализација на државата, така што очекуваме во текот на преговорите, постизборно, сите македонски или промакедонски партии да ја прифатат оваа Платформа, бидејќи е едноставна – во 5 точки и не бара ништо што е надвор од Уставот“, истакнува Апасиев за единствената промакедонска платформа во Македонија, предложена, искреирана и иницирана од Левица.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе