Колку време би преживеале на секоја од планетите во нашиот Сончев Систем?

Планетата Земја е сѐ што имаме. Иако човештвото прави напори за истражување на вселената и испитува дали е можно да има живот на другите планети во нашиот Сончев Систем, засега животот каков што го знаеме е можен само на Земјата.

Можеби Елон Маск сонува дека наскоро сите ќе живееме на Марс, но ние како биолошки суштества, во оваа форма, не сме создадени да живееме на друго место освен на Земјата.

Какви ви се „шансите“ за преживување на другите планети, прочитајте подолу.

Меркур

На страната свртена кон Сонцето е екстремно жешко (427°C кога е најжешко). На спротивната страна е смрзнувачка од -179°C кога е најладно. Некаде на средина можеби ќе преживеете онолку долго колку што можете да го задржите здивот.

Време на преживување: Околу 2 минути

Венера

На температура од 482 степени Целзиусови, знаете дека нема да биде баш најпријатно. На Венера има речиси иста гравитација како на Земјата, па би можеле да „прошетате“, додека не испарите.

Време на преживување: Помалку од 1 секунда

Земја

Благодарение на прекрасниот кислород во нашата атмосфера, на храната и водата и сѐ друго што ја прави оваа планета погодна за живеење за човекот, може да добиете добри 80 години, во просек. Може да живеете и подолго, ако сте родени и живеете во „сина зона“, едно од неколкуте места на планетата Земја каде луѓето имаат подолг животен век од останатата популација.

Време на преживување: Околу 80 години

Марс

На Марс е многу ладно, но воздухот е многу редок, па нема да го почувствувате интензитетот на студот како на Земјата при иста температура. Со многу, многу, многу топла облека можеби и би можеле да прошетате на површината на Марс, додека можете да го држите здивот.

Време на преживување: Околу 2 минути

Јупитер

Имајќи предвид дека е гасовита планета, „животот“ на Јупитер би бил исклучително непријатен. На оваа џиновска планета ќе си умрете од притисок, буквално.

Време на преживување: Помалку од 1 секунда

Сатурн, Уран и Нептун

Прочитајте погоре. Исто како во случајот со Јупитер, потребна е помалку од една секунда да ве „здроби“ притисокот на гасовитите џинови. Не, нема да најдете спас ни на некој од прстените на Сатурн.

Време на преживување: Помалку од 1 секунда

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе