Добро е познато дека модните трендови се менуваат од година во година, а добар приказ за тоа се необичните патики, кои шпанската модна марка „Loewe“, планира следната година да ги пушти во продажба.
Креативниот директор на шпанската модна куќа Џонатан Андерсон смета дека колекцијата за пролет и лето 2018 година ќе биде доста популарна.
Новите модели инспирирани се од традиционалните кондури кои ги носат Мексиканците.
Се уште не е познато кога точно овие патики ќе се појават на пазарот, но многумина на социјалните мрежи истакнаа дека со задоволство би се прошетале со нив.