Volkswagen го претстави концептот ID. GTI, доаѓа и сериската верзија

Volkswagen официјално го претстави својот нов концепт наречен ID. GTI Concept, кој ја поврзува 48-годишната историја на легендарниот модел GTI со електричната иднина на германската компанија.

Ако црвениот автомобил изгледа познато на фотографиите, тоа е затоа што наликува на концептот VW ID.2all кој дебитираше претходно годинава. Сличноста не е случајна бидејќи дизајнерите на Volkswagen всушност го имаа на ум GTI кога го дизајнираа овој концепт, па во случајот со новиот концепт се гледаат речиси истите карактеристики освен што сега имаме комбинација од црвена и црна боја. Спортската решетка се наоѓа напред и назад, а бандажите се инспирирани од оние што го красеа GTI од првата генерација. Задните светла се потемни, додека задниот спојлер „се претопува“ со црните детали околу прозорците. Предната табла е црна со црвени детали, а има и многу значки GTI.

Засега нема детали за погонската група на овој електричен хечбек, но познато е само дека се придвижува од еден мотор со високи перформанси кој е поврзан со електронска блокада на диференцијал за предните тркала. Исто така, голем број на прилагодувања се достапни преку GTI Experience Control, што овозможува приспособување на сè, од суспензија, управување и звук до симулирани промени на брзините што потсетуваат на GTI од минатото.

Она што е одлична вест е што Volkswagen го најави доаѓањето на сериската верзија која би требало да има приближно исти димензии како концептот со должина од 4.104 мм, ширина од 1.840 мм и висина од 1.499 мм и меѓуоскино растојание од 2.600 мм. Концептот претставен во Минхен е поголем од супермини Polo, но помал од Golf.

ID. GTI Concept беше претставен 48 години по првиот Golf GTI, а кога ќе се појави во производство, се очекува да испорача над 200 КС. Концептот ID.2all на кој се базира GTI нуди 223 КС. Стандардниот електричен хечбек ќе се појави на пазарот во 2025 година, па GTI се очекува една година подоцна.

Што се однесува до ознаката GTX, таа ќе ја носат електрични спортски автомобили со погон на 4 тркала, кои ќе бидат позиционирани под електричните модели со ознака R и подобри перформанси. GTI ќе остане верен на погонот на предните тркала во електричната ера.

Кога станува збор за ентериерот, дигиталната технологија со два екрана е преземена од концептот ID.2all, но ID. GTI Concept нуди можност за избор на приказ на класични бројчаници. Исто така, можно е да се проектира конфигурацијата на патеката по која вози возачот, а таа се прикажува во аголот на шофершајбната. Патникот може да го следи времето на круговите.

Од Volkswagen велат дека изгледот на ентериерот со 12,9-инчен централен и 10,9-инчен возачки екран е речиси во финална верзија и дека автомобилот ќе може да прими до 5 патници.

Германската компанија не го коментираше новото лого на GTI кое го видовме на почетокот на годинава, во кое буквата „I“ е заменета со гром. Затоа, не се знае дали електричниот GTI ќе го носи или не.

Електричните хечбек модели веќе стануваат популарни, примери се Abarth 500e и MG4 XPower. Renault 5 добива Alpine верзија, додека MINI работи на електричниот модел John Cooper Works.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе