Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Гледано низ призмата на шпедитерите, автомобилите се посебна стока. Од една страна, тие не се толку гломазни како атомски реактор или нафтена платформа, но сепак се премногу големи за да бидат наредени некаде. А дефинитивно не можат да се пренесуваат со лопата како јаглен или пченка, каде што никој нема да забележи ни најмала гребнатинка или вдлабнатина на лимот.

Тоа значи дека на секој автомобил му требаат околу 10 квадратни метри простор дури и кога само стои и го чека следниот чекор. И ова станува проблем за пристаништата специјализирани за транспорт на автомобили, како што е Емден во Германија и уште поголемото Бремерхавен, пишува Deutsche Welle.

Емден е првенствено пристаниште на Volkswagen Group, а Бремерхавен е едно од најголемите пристаништа од ваков вид во целиот свет.

„Сите познати автомобилски шпедитери редовно го користат нашето пристаниште и над 1.000 CarCarriers се закотвуваат тука секоја година“, вели за DW Јулија Вагнер од BLG Logistics Group во Бремерхавен. Тоа значи над 1,7 милиони возила годишно, а „капацитет за складирање“ - што во овој случај едноставно значи колку автомобили може да собере паркингот - е околу 70 илјади возила.

Секаде во Европа е исто

Но, гледаат и како се сменија работите во пристаништето, најдоцна од минатата година: „Подолго време таму имавме 80 отсто автомобили за извоз и утовар, а 20 отсто за увоз и истовар. Но, во меѓувреме. тој сооднос е околу 50-50“, вели за DW портпаролката за логистика. Но, во пристаништето има и се повеќе автомобили, исто како во двојно поголемото пристаниште Бремерхавен, во белгиското пристаниште Зибриж.

„Тоа е случај во сите европски пристаништа каде што автомобилите се претоваруваат во голем обем“, сведочи Елке Вербелен од пристаништето Антверпен/Бриж.

„Проблемот не е само во обемот на увезени автомобили, туку пред сè во тоа што тие не се одземаат доволно брзо од пристаништето.

И таму се гневни на некои медиуми кои тврдат дека пристаништата се „затнати“ со увезени автомобили: се уште има простор и во основа нема никакви проблеми - ако не се бројат проблемите на производителите и дистрибутерите. Зашто, секако, паркирањето на пристаништето чини, како и „замрзнатата“ вредност и капиталот што е заглавен меѓу фабриката и муштеријата.

Помалку клиенти и без поддршка

Но, дури и според марките на автомобили кои чекаат на пристаништето, не може да се каже каде се случило запирањето.

Затоа што дури и производителите од Западот, како што е Tesla, делумно ги произведуваат своите возила во Кина, а многу производители на возила за пазарите во Азија или САД исто така имаат капацитети таму, во голем дел за да ги избегнат царините и трошоците.

Исто така, одреден дел од автомобилите никогаш нема само да стојат на паркингот на пристаништето, туку се транспортираат во контејнери – без разлика дали се работи за возила од највисоката категорија, или за специјални возила за конкретни клиенти. Не знаат ни колку такви контејнери има во пристаништето, но тоа не е нивни проблем.

И Јулија Вагнер во Бремерхафен забележува дека е-автомобилите во Германија потешко наоѓаат купувачи и седат подолго во пристаништето, откако се укинаа државните субвенции за граѓаните за нивно купување.

Елке Вербелн од пристаништето Зибриж додава уште голем број причини за ваквата акумулација на е-автомобили во пристаништето. Промена има и во начинот на продажба, каде што се повеќе производители „нудат директна продажба на клиентите, па автомобилот останува на пристаништето, а не во салонот на застапникот“.

Volkswagen планира експеримент

Дополнително, зголемен е вкупниот број на автомобили што минуваат низ европските пристаништа. Мора да се признае, нивото пред корона сè уште не е достигнато, но има значително повеќе возила отколку за време на пандемијата во 2020 и 2021 година.

Проблем е и недостатокот на возачи во шпедицијата за копнен транспорт, па сите овие автомобили потоа остануваат со ги во пристаништето уште подолго, според Елке Вербелен.

Персоналот е исто така проблем при натоварувањето на возилото на бродот: во нормални околности, еден вработен треба да седне на воланот и да го донесе на бродот, а таму барем уште едно лице треба да му помогне да го постави според планот за утовар, а потоа треба да се обезбеди за да може да помине неоштетен и преку посериозно море.

Како што пишува весникот Ostfriesen Zeitung, концернот Volkswagen планира експеримент AutoLog во пристаништето Емден: многу автомобили се веќе опремени за автономно возење, а таму работат на програмски модул каде овие автомобили потоа „сами“ би се донеле до нивното место на бродот и потоа повторно би се истовариле.

Овој проект е поддржан и од германското Министерство за транспорт и треба да трае до 2026 година. Успехот на еден ваков проект би заштедил до 2.000 работни места само во пристаништето Емден и отвора можност за негово пренесување на целиот дистрибутивен синџир, од фабрика до изложбен салон. Тогаш паркинзите во пристаништата би можеле да бидат многу попразни.

реклама

Авто новости

Seat сепак нема да згасне: Кој е новиот план?

Read more

Volkswagen драстично ја менува стратегијата

Read more

Volkswagen претстави популарно и подобрено решение за модерните номади

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more
 

Автомобили

Seat сепак нема да згасне: Кој е новиот план?

Читај повеќе

Volkswagen драстично ја менува стратегијата

Читај повеќе
  • filter

Volkswagen претстави популарно и подобрено решение за модерните номади

Читај повеќе

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Читај повеќе

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Читај повеќе

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе